Трајанов: Граѓаните референдумски се изјаснуваат за промени, правда и стабилност

Денес граѓаните на Република Македонија, референдумски се изјаснуваат за промени, правда и стабилност, и целосно сме посветени денес да завршат изборите без да се кршат изборните правила, резултатите да бидат одраз на волјата на граѓаните и никој да не се обиде да ја поништи  таа граѓанска определба, изјави лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на денот на гласањето.

„Граѓаните сакаат мир, сплотеност и единство. Од утре натаму сите заедно треба да ги засукаме ракавите и да започнеме со рабoта, реформи и враќање на нормално одвивање на животот. Сите партии да изградиме консензус околу три стратешки работи: договор за помирување и да престанат внатрешни поделби, слободна- пазарна економија и влез во НАТО и ЕУ, промени со силно темпо, одговорно владеење и расчистување со организираниот криминал. Очекуваме голема излезеност и поддршка од граѓаните за реализација на Изборната програма“, порача Трајанов.