Трајанов: Одговорност од Груевски за градењето на Сончев Град на Водно

Носителот на кандидатската листа за пратеници од првата изборна единица, Павле Трајанов, најави дека ќе бара одговорност  на поранешниот премиер Никола Груевски, кој од лукративни мотиви дал налог да се гради Сончев Град на Водно.

Според Трајанов, направена деградација на Водно, уништен е шумски фонд и се случуваат огромни разорувања и ерозија каде што поминува патот, при што потпорните ѕидови попуштиле и  е направена огромна штета.

„Ова е класичен пример на самоволие, ароганција и алчност. Да се потрошат десетици милиони евра за да оствари профит странска компанија и притоа да се уништат “Белите дробови” на Скопје е злосторство спрема сопствениот народ“, рече Трајанов.

За оваа коруптивна и анти граѓанска зделка мора и ќе има одговорност, изјави Павле Трајанов