
Со либерализација на пазарот на електричната енергија ќе им се помогне на бизнисмените, затоа што на тој начин вцената на струјата за производните погони ќе падне за 36 отсто, порача Ивон Величковски, лидер на либералната партија, во недела вечер во Штип.
„Најмалку 35% поевтина струја за производните објекти. Купување на слободниот пазар. Односно, си купувате од провајдер за поевтина цена, согласно договорот што ќе го направите, за да може вашиот производ да биде со пониска влезна цена и, со тоа, да биде поконкурентен и на домашниот и на странскиот пазар. Тоа за штипскиот текстил ќе значи особено. Тоа се начини како може да помогнете на пазарна основа. Се друго е лага“, реле Величковски.
Либералната партија ќе биде гарантот за продолжување на мандатот на СЈО; во составот на таа влада да нема лица оштетени со криминал или вршеле криминални дејности; !Јасно ни е дека прислушкувањето не е проблем создаден од странски служби, туку од домашните служби. Тоа не смее да се повтори и тоа натаму мора да биде спречено, и цивилната контрола врз службите да биде воспоставена од задолжените органи„.
„Либералната партија не сака влада која ќе определува колку ќе биде минималната плата, туку Влада што ќе гарантира дека минималната плата договорена меѓу работодавците и синдикатите ќе биде испочитувана и исплатена. И во спротивно, државата, а не Либералната партија, ќе презема мерки“, вели Величковски.





