
Радмила Шекеринска, носител на изборната единица 5 од Коалицијата што ја предводи СДСМ, денеска во Битола најави реформи во државните институции ослободени од партиски притисоци и во служба на граѓаните.
Таа посочи дека нема да има привилегирани поединци кои со помош на партиските шефови во администрацијата ја злоупотребуваат администрацијата, вршат притисок врз вработените и спречуваат каква било помош на оние на кои помошта им е најпотребна.





