Виножито: Изборите да дадат позитивен импулс за унапредување во политичкиот, социјалниот и економскиот живот во РМ

Би сакале изборниот процес и постизборниот период да даде на македонските граѓани и на сите политички и партиски структури еден позитивен импулс, мотивација и прилика за унапредување во политичкиот, социјалниот и економскиот живот во Република Македонија, порачуваат во отвореното писмо од партијата на македонското малцинство во Грција, Виножито.

„Се надеваме дека преку овој важен настан, во иднината, Република Македонија ќе чекори успешно и позитивно кон патот на Европската интеграција. Демократска, просперитетна и успешна Република Македонија и многу брзо земја членка на Европската Унија и во НАТО. Сето ова нема да биде добро само за сите граѓани во Република Македонија, туку и за народите во соседните држави, особено за македонските малцинства во тие држави, а меѓу нив и Македонците во северна Грција. За сето тоа е потребен труд од сите политички и граѓански организации и здруженија“, велат од Виножито.

Понатаму додаваат дека Македонците во северна Грција, настојуваат демократски и принципиелно да делуваат во Грција за добивање унaпредување на малцинските права.