ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните покажаа дека сакаат да се стави крај на двегодишната криза

Денес Македонија покажа дека е демократска држава. ВМРО-ДПМНЕ им честита на македонските граѓани за мирното и достоинствено гласање, изјави Иво Котевски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека граѓаните сакаат да се стави крај на двегодишната криза во која СДСМ ја втурна државата.

Според Котевски, изборите минаа во мирна и фер демократска атмосфера, без никакви нерегуларности.