
Државната изборна комисија (ДИК) конечно по цели 24 треба да ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа во неделата, изјави во понеделникот на прес-конференција претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев кој беше носитела на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ и предупреди да не се прават обид да се фалсификува „волјата на народот“.
„Јано е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победија и дека имаат кристална победа“, истакна Ѓорчев пред новинарите изразувајќи загриженоста поради големото доцнење на објавувањето на официјалните резултати од страна на Државната изборна комисија.
„Загрижени сме од тоа што претседателот на ДИК, (Александар) Чичаковски, денеска (понеделникот) во 12 часот си заминал од ДИК со објаснување дека мора да оди да спие. Ќе го немало од 12 до 19 часот на денот кој е најважен кога треба да си ја заврши работата. Улогата на ДИК е еднаш во четири или во две години да спроведе избори. На најважниот ден претседателот на ДИК решил да замине со изговор дека ќе спие ‘од пладне до седум навечер’. Треба да каже дали навистина спиел или отишол на консултации за менување на волјата на народот. Дури седум часа да си отсутен од местото каде што треба да се констатира волјата на народот е навистина индикативно“, констатираше Ѓорчев.
Илустрираше дека во многу поголеми земји со десетици и стотици милиони, за резултатите со потесни резултати од илјада гласови тамошните изборни комисии за неколку часа ги објавуваат резултатите, а поразениот му честита на победникот.
„Цел ден ниту имаме честитка од СДСМ, ниту констатирање на очигледна разлика и поголемиот број мандати. Мапата на Македонија на страната на ДИК е обоена во црвено, на мапата ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат победа во повеќе од 50 општини, а СДСМ најмногу во 10 општини. Апелираме да се почитува волјата на граѓаните. Македонија вчера гласаше. констатирајте го, објавете ги мандатите… Да не помислат да ја фалсификуваат волјата на избирачите. Затоа што Македонија гласаше, имавме фер и регуларни избори. Набљудувачите велат дека изборите минаа во најдобар ред и време е да му се честита на победникот, рече Ѓорчев.
Додаде дека сајтот на ДИК вели дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено 453 000 гласови, а СДСМ 436 000, тоа е разлика од 17 000. А со гласовите од дијаспората тоа се повеќе од 20 000 гласови.
„Резултатот е 6:1 во општини за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно 50:10 во општини…„Мандатот му припаѓа на Никола Груевски. СДСМ треба да ни ја честита победата. Македонија треба да излезе од кризата, да се верифицираат мандатите, да се состави влада, да се посветиме на Македонија, економија, граѓаните, евроатланската интеграција. Граѓаните очекуваат проекти а не сплетки“, заклучи Ѓорчев.
Претходно медиум објавија дека во ДИК е хаотична ситуацијата. Некои извори на медиумите тврдат дека се врши притисок од странски да не се признае резултатот од 51 наспроти 49 мандати во полза на ВМРО-ДПМНЕ.
Медиумите блиски она опозицијата тврдат дека било утврдено несовпаѓање во електронските записници на ДИК и записниците од Општинските изборни комиси на штета на СДСМ. Официјално засега нема потврди на ваквите тврдења.
Медиумите, пак, блиски на досегашната владејачка пратија кој прогласи победа со два пратенички мандата повеќе, наведуваат дека од пријавените 37.812 неважечки гласачки ливчиња, наводно на 90 отсто бил заокружен редниот број 1 на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и поставуваат прашање зошто овој изборен материјал бил класификуван како неважежечки.





