
Политичките партии денеска, на деветтиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРОДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово, а митинзи се најавени и на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ во Македонска Каменица и во Делчево.
Демократската унија за интеграција организира панел дискусија на тема „Консензуално одлучување по економски прашања во Скопје, собир во Битолаи централен митинг во Преспа, а Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе одржи митинг во Боговиње.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во Драчево, Тетово и Гостивар и ќе одржи трибина во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево.
Средби со граѓани ќе има и Kоалицијата за промени и правда, во Пржино, Црниче и Кисела Вода, а коалицијата „Преродба со Беса“ во Сарај.
Алијансата за Албанците најави митинзи во Теарце и во Бутел.





