
Федерализација нема да има, но конфискација ќе има, порача во петок вечер од Арачиново претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Измислуваат федерализација и кантонизација- лажат, ќе има конфискација, сѐ што ви украдоа, сѐ ќе ви вратат. Очите на целиот свет се вперени во Македонија. Ќе видат на 11 декември дека е можно заедно да сме здружени и сплотени и победничка Македонија да испрати порака за соживот и живот“, рече меѓу другото Заев.





