Заев: Вредеше нашата жртва за вистината

Режимот е на една страна, живот на другата страна, порача Зоран Заев, лидер на СДСМ, во Карпош.

„Режимот ја држи и Република Македонија на работ на неизвесна иднина. Конецот е тенок, ризикот е преголем само да гледаме, за секој од нас се работи и укажувам, одговорноста за изборот или-или, или режим или живот е лична, а последиците се заеднички“, рече Заев.

„Другари, вредеше! Вредеше цела наша жртва за вистината. Вредеа сите искушенија низ коишто поминавме, се што издржавме. Затоа што не направи посилни, затоа што не обединија сите, затоа што денеска, секој од нас, јасно како бел ден, може да направи разлика! Режим е од една страна, живот е од друга страна! Ние сме за живот, ние сме за Македонија“, додаде тој.

Порача дека на претходните избори Центар се крена за Скопје, а на овие избори Карпош ја прави разликата – Карпош повлекува победа за Скопје, Скопје повлекува победа во Македонија.

„Ќе имаме одлична, огромна победа за стабилна Влада, за сериозни реформи, за добра економска иднина на нашата Македонија! И почитувани, ова нашето не е битка за за 63 пратеници, тоа не се шарлатански калкулации со бројки за власт, како тие на изгубениот Груевски кој во нив сонува за свој спас. Тоа е победа за живот на милион и 500 илјади граѓани на Македонија“, додаде Заев.