
Изминативе 10 до 12 години според податоци на Светска банка 600.000 луѓе се иселени од Македонија, претежно млади и паметни деца, а тоа е повеќе од четвртина од целокупната популација, но здружената опозиција на чело со СДСМ има намера ова да го прекине, порача Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа во ИЕ 1.
„Ќе даде можности за младите луѓе да остануваат тука, својата креативност и енергија да ја вложуваат во Република Македонија, а нешколувани, заокружени профили, професионални кадри да одат во странство и таму да допринесуваат за развој на туѓи држави. Значи по 11 декември ние се обврзуваме да ги измениме законите каде што е тоа неопходно, и да донесеме конкретни политички мерки и решенија кои ќе им овозможат на младите луѓе, пред се тука да ја реализираат својата креативност, својата енергија, идеи и решенија, и дури потоа ако тука немаат шанса, да се обидат во странство“, рече Пендаровски.
Објасни дека сега, владејачката партија им овозможува шанса за вработување само на оние кои се членови на владејачката партија, сите други се граѓани, не од втор, туку од десетти ред, и сосема е логично зошто младите луѓе бегаат од сопствената татковина.





