Алиловиќ тешко болен, ја заврши сезоната

Поранешниот хрватски ракометен репрезентативец, голман на Веспрем, Мирко Алиловиќ, поради тешка болест, ја заврши сезоната.

На хрватскиот репрезентативец, Алиловиќ, во средата, му била дијагностицирана тромбоза под коленото, а веста дека за него сезоната е завршена ја објави неговиот клуб. Алиловиќ, како што објави „index.hr“, веќе се вратил дома и наредната недела ќе започне со лекувањето, кое треба да ја подобри неговата здравствена состојба.

Инаку, Алиловиќ, оваа година се повлече од репрезентацијата и реши да им се посвети само на настапите во неговиот клуб Веспрем.