Агенцијата Гестифуте со која управува најмоќниот фудбалски менаџер Жорж Мендеш, ја објави даночната пријава на Кристијано Роналдо, како доказ дека Португалецот ги исполнува своите даночни обврски. Гестифуте ја објави даночната пријава на Роналдо, откако Football Leaks, излезе со тврдења дека тој „сокрил“ 150 милиони евра од шпанските даночни власти.
„Роналдо ги исполнува своите даночни обврски од почетокот на кариерата, во сите држави во кои живеел. Овој документ не го објавивме затот што моравме, туку затоа што ни сакавме да го објавиме. Тој докажува дека фудбалерот и агенцијата соработуваат со влаите и ги исполнуваат даночните обврски“, стои во соопштениеот кое агенцијата го објави во петокот.
Меѓутоа Football Leaks открива како Жорж Мендеш направил офшор модели преку кои неговите играчи избегнуваат да плаќаат високи даноци, нпр. во Шпанија тоа изнесува 30 отсто.
Дефанзивецот Пепе користењето на својот лик во комерцијални цели го продал на Weltex, компанија од британските Девствени острови каде данокот е нула отсто.
Хамес Родригез своите права и ги продал на компанијата Kenalton Assets Limited, чие седиште исто така се наоѓа на Девствените острови, на иста адрса на која се наоѓа и споменатата Weltex, но и останатите компании кои оформени според моделот на Мендеш.
Тука е и компанијата Tollin преку која поминувале парите од маркетинг правата на Роналдо се до 2014 година.
Footbal Leaks открива дека клиентите на Мендеш досега „сокриле“ вкупно 188,4 милиони евра: Роналдо (149,5 млн евра), Жозе Мурињо (12 млн евра), Хамес Родригез )12 млн евра), Радамел Фалкао (5,9 млн евра), Пепе (3,8 млн евра), Фабио Коентрао (3,3 млн евра) и Рикардо Карваљо (1,9 млн евра).