Леброн Џејмс и Крис Пол со своите остварувања изминатата ноќ влегоа во НБА историјата. Џејмс како првиот крилен играч кој ја минал бројката од 7.000 асистенции во кариерата, а Пол како единствениот кој остварил 20 поени и асистенции без загубена топка. Изминатата ноќ во лигата го одбележа и поразот на Голден Стејт од Мемфис.
Кливленд славеше во дуелот со Шарлот 116:105, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 44 поени, 10 асистенции, девет скока и три украдени топки. Џејмс, 17 од 44-те поени постигна во последната четвртина.
„Кралот Џејмс“ стана првиот играч во историјата со најмалку 27.000 поени, 7.000 скокови и 7.000 асистенции во кариерата.
Леброн оваа сезона во просек бележи 25 поени, 9,1 асистенции и 7,7 скокови по натпревар, а Кливленд е лидер во Источната конференција со скор 17-5