Колф промаши за продолжение, нов пораз на МЗТ

Кошаркарите на МЗТ загубија во Бар д екипата на Морнар 65:64 во 13-ѕо коло, во АБА лигата. Првиот дел од сезоната во регионалната лига македонскиот првак го заврши со скромни четири победи и девет порази.

Македонскиот првак МЗТ, во драматичен финиш загуби од Морнар, а трагичар на натпреварот е Холанѓанецот Клоф, кој во последната секунда имаше можност да му донесе продолжение на МЗТ, но погоди само едно од двете слободни фрлања.

Двата тима кои се наоѓаат во втората половина од табелата одиграа лош натпревар, особено шутерски, бидејќи двете екипи заедни постигнаа само четири тројки (Морнар три, МЗТ една).

МЗТ, во последната четвртина влезе со негатива од 10 поени, но благодарение на зонската одбрана успеа да се врати во мечот, а со поебните на Дрновац од линијата за слободни да стигне до 63:63.

Нападот на Морнар потоа го реализира Џонс, кој положи крај Диабате на 3,2 секунди до крајот. Последниот напад на МЗТ одеше на Клоф, Холанѓанецот избори фаул, но погоди само едно слободно за конечни 65:64.

Клоф и Лалиќ го педводеа МЗТ со по 14 поени, Дреновац постигна 10. МЗТ во наредната рунда ќе ја пречека Црвена ѕвезда.