
На Европското првенство за ракометарки кое се одржува во Шведска комплетирано е првото коло во четвртфиналната Група 1. Мечевите го обележа спектакуларниот гол на Алисон Пино со кој Франција славеше над Шпанија.
Франција во драматичен меч ја победи Шпанија 23:22. Шпанките го имаа последниот напад, но ја загубија топката, а поранешната ракометарка на Вардар, Алисон Пино успеа да погоди преку целиот терен за победа на Франција.
Пино со девет голови беше најефикасна кај Франција, а вардарката Александра Лакрабер мечот го заврши со шест голови.
Победи во првото коло запишаа уште Германија над Србија 26:19 и Холандија над Шведска 33:30.
На табелата водат Германија, Франција и Германија со по четири бода, Србија и Шведска имаат по три, а Шпанија е последна без бодови.





