Прв пораз на Лајпциг, Баерн лидер во Бундеслигата

Фудбалерите на Баерн, по 14.коло, се вратија не челната позиција во Бундеслигата, откако Лајпциг го доживеа првиот пораз во шампионатот.

Баерн во оваа бундеслигашка рунда лесно се справи со Волфсбург, победи со 5:0 со головите на Робен, Милер, Даглас Коста и Левендовски кој беше двоен стрелец.

Лајпциг загуби кај Инголштат, а првиот пораз во сезоната му го нанесе Роџер кој единствениот гол на мечот го постигна во 12.минута. Дуелот во Инглоштат беше прв на кој Лапјциг во Бундеслигата не постигна гол.

Баерн и Лајпциг уимаат по 33 бода, но Баварците се лидери поради подобрата гол разлика.

Во дербиот на колото Келн и Борусија Дортмунд ремизираа 1:1. Бод за гостите спаси Ројс кој постигна гол во последната минута, откако претходно Келн водеше со голот на Рудневс.

Минимални победи забележаа Хамбург против Аугзбург, стрелец Костиќ и Фрајбург против Дармштат, стрелц Петерсен од пенал.