Прва титула за Сиетл во МЛС лигата

Фудбалерите на Сиетл Саундерс ја освоија титулата во американската МЛС лига. Сиетл до првата титула во клупската историја дојде по триумфот на пенали над Торонто.

Торонто и Сиетл во регуларниот дел и по продолженијата не успеаја да постигнат гол, а во пенал серијата гостите славеа 5:4. Пенали во тимот на Торонто промашија Бредли и Мороу, а за Сиетл Фернандез. Победничкиот пенал го реализира Торес во шестата серија.

Сиетл оствари голем успех бидејќи во регуларниот дел од сезоната го освои четвртото место во Западната конференција, а до финалето на плеј офот стигна откако победи на четири од петте натпревари против конкурентите Канзас, Далас и Колорадо.

На тронот Сиетл го наследи Портланд кој оваа сезона не успеа да се пласира во разигурвањето за титулата.