Кристијано Роналдо во четвртокот во Јокохама го постигна 500-от гол во импресивната клупска кариера. Португалецот постигна гол во 93. минута против Клуб Америка во полуфиналето на Светското клупско првенство. Реал се пласира во финалето со победата 2:0.
Мечот со Клуб Америка беше 691-ви во кариерата за Португалецот. Во дресот на Реал има учинок од 377 голови на 366 натпревари, за Манчестер Јунајтед бил стрелец на 118 голови на 292 натпревари, а за Спортинг Лисабон, каде што ја започна кариерата, има постигнато пет голови на 31 натпревар.
За Португалија одиграл 136 натпревари и постигнал 66 голови,
Најефикасна сезона во кариерата му е 2011/2021 кога постигна 69 голови за тимот и репрезентацијата. Португалецот е најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 95 голови, три повеќе од Лионел Меси.
Роналдо е втор стрелец во историјата на шпанската Ла Лига со постигнати 270 голови на 247 натпревари, прв е Меси со 51 гол повеќе.