Тупурковски останува на чело на МОК

Васил Тупурковски по седми пат е избран за претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

На Собранието, Тупурковски со акламација на 119 од 120-те делегати, беше реизбран на функцијата. Тупурковски од Собранието го доби седмиот мандат, тој е прв човек на МОК од основањето, односно од 1992 година.

Противкандидат на Собранието му беше олимпиецот, кајакарот Атанас Николовски.

За потпретседатели на МОК на Собранието беа избрани бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот кошаркар Благоја Георгиевски-Буштур.