Категорија: Македонија

МИ-ДА ГРАНД МОТОРС СО НОВИ ИЗНЕНАДУВАЊА ЗА КУПУВАЧИТЕ

Прочитај повеќе

Уште еден земјотрес во Скопско

Прочитај повеќе

Промоција, на почесен доктор на науки, НЕ Рудолф Шустер на УКЛО

Прочитај повеќе

Започна изградбата на 30 метарскиот јарбол во Новаци

1 jar Прочитај повеќе

Фолк пејачот Душко Георгиевски со две награди на меѓународниот фестивал „Пирин Фолк“

Реномираниот фолк пејач Душко Георгиевски доби две престижни награди на 24 издание на Меѓународниот фестивал „Пирин Фолк“  Сандански 2016 во  Бугарија.

Во силна конкуренција на пејачи од Бугарија, Србија, Македонија,на 27 и 28 август, на Фестивалот, Георгиевски доби награди за двете песни кои ги изведе, во двете категории на натпреварување, за авторска песна  и во категорија за натпревар на пејачи кои се натпреваруваа со својата интерпетација.За песната „Маре, мори Маре“  доби втора награда за интерпретација, а за песната „Взаемна љубов“  се стекна со третата награда.Песната „Маре, мори Маре“ е на музика и текст на Благица Хаџи Павловска и аранжман на Љупчо Павловски, а музиката и аранжманот на песната во категоријата авторска песна  „Взаемна љубов“ се дело на Љупчо Соколовски,на текст на Христина Димова.

На 27 август, во вечерта за натпреварување, 16 пејачи ги изведоа  двете песни, во посебни категории. Изведените песни беа оценувани од повеќечлено стручно жири,а се бореа за награди на стручно жири, новинарско жири, гласови на публиката, телевизиските гледачи, наград на гледачите во летниот театар во Сандански.

Наградите беа врачени на Гала вечерта на лауреатите,на 28 август,  во рамките на богата културно-уметничка програма,каде пејачите ги очекуваа своите награди заедно со публиката.За одбележување е што фестивалот беше пренесуван на 4 телевизии со директен преност и преку сателит во целиот свет, пред повеќе милионска публика.

„Голема чест ми е што со моето прво учество на овој престижен и реномиран фестивал, добив две награди.Особено, голем предизвик за мене беше фактот што бев оценуван од професионално жири кое се покажа дека знае да го вреднува квалитетот, бидејќи беше пред голема задача да оцени од многу квалитетни песни и пејачи кој е најдобриот.Критериумите беа многу строги, со строги пропозиции во процесот на гласање, како резултат на стручноста на еминентни и докажани авторски, композиторски имиња, музички педагози, изведувачи исл. од Бугарија и пошироко“, вели Георгиевски.

Во рамките на престојот за фестивалските денови Георгиевски даде многу интервјуа и имаше настапи на повеќе бугарски медиуми, телевизии и радија, а доби и многу покани за нови гостувања.

Соопштение до медиумите од Макпетрол АД

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ МАКПЕТРОЛ АД СКОПЈЕ.

Прочитај повеќе