Категорија: Македонија
Облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северозападен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Во северните и западните делови ќе има услови за провејување на слаб снег.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 3 Целзиусови степени, додека дневните температури ќе бидат во интервал од 3 до 12 степени.







