Категорија: Македонија

Заев: Да донесеме живот во Македонија

Прочитај повеќе

Предизборни митинзи во Скопје, Охрид, Куманово

Продолжува изборната кампања, во понеделник со митинзи во Скопје, Охрид, Куманово, Кочани, за предвремените параламентарни избори што ќе се одржат в недела.

Коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО­ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Вода и во Центар.

Kоалицијата За живот во Македонија предводена од СДСМ ќе одржат митинзи во Дебар, Струга и во Охрид.

Митинг најави и коалицијата Алијанса за Албанците пред жителите на Куманово.

Централниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од  Демократски сојуз, ќе оствари средба со граѓаните на Маџир маало и други населби во општина Центар. Носителите на листите од 6-те изборни единици (Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Весна Стоименовска, Слободан Богоески, Александар Делов и Бранко Мајсторовски), ќе одржат прес конференција пред Олимписки базен кај Југодрво во општина Центар.

Носителот на кандидатската листа на Левица во изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп.

Коалицијата ВМРО за Македонија денеска во 12 часот во Скопје во штабот на ВМРО-НП ќе одржи конференција за медиумите. Во текот на денешниот ден коалицијата ВМРО за Македонија се очекува да одржи средби со граѓани на општините Пробиштип и Кочани. На средбите свое обраќање ќе имаат предводниците на коалицијата Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ќе има средби со граѓани во општина Сарај каде ќе се одржи и централен собир.

Левица денеска пред Комората на извршителите на РМ, на булевар „Илинденска“ (во близина на Владата на РМ) ќе одржи конференција за медиумите за да ги актуелизира темите од нејзината програма од секторот „Правосудство“, насочени кон регулација на македонското извршно право, кое е едно од најстрогите во Европа.

Кекеновски, Весна Стоименовска, Слободан Богоески, Александар Делов и Бранко Мајсторовски), ќе одржат прес конференција пред Олимписки базен кај Југодрво во општина Центар.

Носителот на кандидатската листа на Левица во изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп.

Коалицијата ВМРО за Македонија денеска во 12 часот во Скопје во штабот на ВМРО-НП ќе одржи конференција за медиумите. Во текот на денешниот ден коалицијата ВМРО за Македонија се очекува да одржи средби со граѓани на општините Пробиштип и Кочани. На средбите свое обраќање ќе имаат предводниците на коалицијата Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска ќе има средби со граѓани во општина Сарај каде ќе се одржи и централен собир.

Левица денеска пред Комората на извршителите на РМ, на булевар „Илинденска“ (во близина на Владата на РМ) ќе одржи конференција за медиумите за да ги актуелизира темите од нејзината програма од секторот „Правосудство“, насочени кон регулација на македонското извршно право, кое е едно од најстрогите во Европа.

За денеска е најавено и потпишување документ за заштита и унапредување на животната средина од страна на политички партии од изборната единица 6, во просториите на движењето „Еко Герила“ во Тетово.

Тековно одвивање на сообраќајот

Прочитај повеќе

Сончево со мала до умерена облачност

Прочитај повеќе

Попоски: Има сериозен напредок во односите со Грција

Прочитај повеќе

Шекеринска: Од вчерашниот огромен митинг ги одбројуваме последните денови до слободата

Прочитај повеќе