Категорија: Спорт

ЛШ: Баерн против Арсенал, Барселона оди на ПСЖ

Баерн Минхен-Арсенал е осминафиналното дерби во Лигата на шампионите. Жрепката во Нион, ги спои ПСЖ и Барселона, додека европскиот првак Реал за противник го доби Наполи.

Две дерби средби, Баерн-Арсенал и ПСЖ-Барселона ќе се одиграат во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Баерн Минхен против лондонскиот тим три пати играл во нокаут фазата (2005, 2013, 2014) и секогаш успевал да го елиминира Арсенал.

ПСЖ изминатите четири сезони исто толку пат е елиминиран во четвртфиналето. Два пати ПСЖ бил елиминиран токму од Барселона, во 2013 поради помалиот број на голови постигнати на гостински терен (1:1, 2:2), а во 2015 Барса победи двапати (3:1, 2:0).

Реал го доби за противник Наполи, со овој тим „кралскиот клуб“ има одиграно во Лигата на шампионите во сезоната 1987/1988 и минал понатаму со победа и реми.

Осминафинални двојки:

Реал-Наполи

Баерн Минхен-Арсенал

ПСЖ-Барселона

Баер Леверкузен-Атлетико Мадрид

Севилја-Лестер

Порто-Јувентус

Манчестер Сити-Монако

Бенфика-Борусија Дортмунд

Првите натпревари ќе се одиграат на 14/15 и 21/22 февруари, а реваншите на 7/8 и 14/15 март.

Вилијамс ја одбил понудата на Мерцедес за Ботас

Прочитај повеќе

„Златна топка“: Победникот познат, но нема да дојде по наградата

Прочитај повеќе

Мурињо: Мхитаријан ќе паузира еден натпревар

Прочитај повеќе

Заврши трипл дабл серијата на Вестбрук

Прочитај повеќе

Тевез го реши аргентинското Суперкласико

Прочитај повеќе