Стојанче Ангелов со кривична против Зврлевски

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, во четврток, поднесе кривична пријава против јавниот обвинител Марко Зврлевски за злоупотреба на службената положба и овластување и спречување на пристап кон јавен информациски систем.

Пријавата против Зврлевски следува по соопштението на Обвинителството, кое забрани емитување на т.н. бомби на опозицијата.

Ангелов вели дека е свесен дека оваа пријава нема никој да ја процесуира, но таа ќе остане во Обвинителството, а кога на чело на Обвинителството ќе дојде легитимен обвинител, тогаш Зврлевски ќе мора да каже зошто го издал тоа соопштение.

Ангелов повеќе дена пред зградата на МРТВ се обидува уредништвото на јавниот телевизиски сервис да го натера да ги објавува `бомбите` на опозицијата, а од таму му одговоирија дека не го прават тоа, затоа што обвинителството забранило објавување на материјали кои се можни докази во судски процес.