Папата Франциск: Абортусот е грев за простување

Папата Франциск во понеделникот на сите католички свештеници на неодредено време им ја продолжи дозволата на жените да им го простат „гревот на абортусот“, пренесуваат светските агенции.

Пред една година папата го изненади светот кога на свештениците им дозволи да дозволуват простување на абортусот во траење на Светата година, од 8-ми декември минатата година до 20-ти ноември оваа година, а сега оваа дозвола ја продолжи на неограничено.

„Сакам уште еднаш јасно и непоколебливо да нагласам дека абортусот е тежок грев, бидејќи со тоа се завршува еден невин живот. Сепак, мора да нагласам дека не постои грев кој не може да биде простен кога ќе се наиде на срце кое вистински се кае и е подготвено за помирување со Бога“, се наведува во писмото на Папата, пренесува АР.

Нека секој свештеник биде водич, поддршка и утеха за грешниците на тоа патување на помирување, порачал папата.