Глобалната цена на млекото на највисоко ниво во последните две години

Просечната цена на млекото се зголеми третпат по ред, достигнувајќи највисоко ниво од јули 2014 година, покажуваат податоците од последните аукции на глобалната асоцијација производители „Fonterra”, од Нов Зеланд.

Просечната цена на млекото на аукцијата на 16-ти ноември изнесувала 3.519 долари по тон, додека цената за полномасно млеко достигнала 3.423 долари по тон, што претставува зголемување од 3,2 отсто во однос на претходната аукција, објавија од “Fonterra”.

Исто така, забележан е силен раст во неколку други клучни производи, вклучувајќи обезмастено млеко во прав и сирење кои забележаа двоцифрен раст, изјавија од „Fonterra”.

Новозеландскиот производител на млеко изјави дека понудената количина на млеко е помала за 14 отсто, како одраз на падот на производството во Нов Зеланд, Австралија и Европа.

Цената на млекото од јули се зголеми за повеќе од 50 отсто, и е на двојно историско најниско ниво од август 2015 година.