Категорија: Култура

Успешен настап на Битолскиот театар и во израелската метропола

Актерите од Народниот театар од Битола беа поздравени со силен аплауз и овации и на синоќешната изведба на претставата „Среќен крај“ во режија на Благој Мицевски со која се претставија во реномираниот театар „Камери“ во Тел Авив, Израел.

По изведбата на претставата, која обработува една семејна драма во 30-тите години во Берлин, следеше и разговор со режисерот на делото Мицевски, како и со авторот на овој драмски текст, Иддо Нетанјаху. Меѓу присутните гости беше и амбасадорот на Државата Израел во Република Македонија, Дан Оријан којшто го истакна големото значење на ова театарско претставување, прво на национален театар од Македонија во Израел, кое, како што нагласи е во контекст на зајакнување на односите во областа на културата меѓу двете земји. Од театарот „Камери“ кој е една од најпрестижните театарски куќи во Израел изразија подготвеност соработката со Битолскиот театар да продолжи и во иднина.

Претставата „Среќен крај“ изминатите денови, во два наврати, со особен успех беше изведена и во рамките на 36-тото издание на реномираниот меѓународен театарски фестивал „АККО“, кој традиционално се одржува во израелскиот град Акре. Идејата за соработка и гостување на Битолскиот театар во Израел почна да се реализира уште во 2014 година, за време на одржувањето на Фестивалот на монодрама во Битола кога авторот на текстот „Среќен крај“, Иддо Нетанјаху, ја проследи претставата „Без паника“ во изведба на Народниот театар од Битола и изрази желба за соработка. Неколку месечната комуникација меѓу театарот и авторот резултираше со соработка, која договорено е да продолжи и во иднина.

Гостувањата на Народниот театар од Битола во Израел се реализираа како дел од програмските содржини на Министерството за култура за меѓународна промоција на македонската култура.

Изложба на фотографии и електронски разгледници „Убавините на Новаци“ на Мартин Николовски

Прочитај повеќе

Врвни детски пејачи настапуваат на фестивалот “Тра ла ла” во Битола оценува претседателот на Светската асоцијација на фестивали и уметности WAFA

Прочитај повеќе

Балканска Колонија на Ракотворци годинава ќе се одржува од 12-16 август.

Првите две изданија на овој фестивал на ракотворци се реализираа благодарение на поддршката од покровителот на БитФест, градоначалникот на Битола, а за ова трето издание ја имаме поддршката и од Министерство за култура на РМ – станавме дел од националната програма за култура со што Колонијата ја доби потврдата дека е од јавен интерес.

Балканска Колонија на Ракотворци е фестивал од културата на ракотворењето или како што формално-правно се наречени производите „домашни ракотворби“ – сите производи изработени со едноставни алатки, материјали кои може да се најдат во малите локални бизниси, во традиционална техника и, со многу вештина, љубов и надеж. Секако во работата на ракотворците може да се забележи и голема доза на снаодливост, а на многумина од нив рециклирањето им е практичната присвоена филозофија.

Нашиот пристап кон учесниците е на државно и балканско ниво, а концептот на настани вклучува едукативни содржини, работа пред публика и промоција. За учесниците Балканска Колонија на Ракотворци претставува можност за иновативност и надградба на квалитетот , практична проценка низ артистичката и комерцијалната оценка.

Оваа годинаБалканска Колонија на Ракотворциќе се одржуваод 12 до 16 август.Годинава  присуствуваат учесници и од Р Австрија,  Р Србија, Р Турција, БиХ, Македонија и особено задоволство е што годинава комисијата избра и учесник кој е по потекло од Романија , но живее и работи во Македонија. Посебно задоволство ни претставувa што мастерклас во времетраење од 5 дена ќе одржи академскиот уметник, скулптор и специјалист за мозаици Руслан Сергеев,од Р Израел. Тој че работи со 6 дипломци и студенти од ФЛУ при УКИМ, предводеи од Тони Николовски, виш конзерватор и рествратор.

Како пропратна ( офф ) програма планираме реализација на трибина за  дефинирање на профилот на битолскиот чкембар, за што уште е поголемо задоволството што Г-н Рамазан Ајкилич , сликар , од Измир прифати да направи скица. Нашите натамошни намери се нивните цртежи да прераснат во битолски традиционален сувенир.  Говорници ќе бидат Димче Миновски, хроничар и публицист и Наде Геневска Брачич, виш кустос од НУ Завод и Музеј.

Една од вечерите (15.08 сабота) ќе биде посветена и на трката на авторот Живко Поповски Цветин за влез во Гинисовата книга на рекорди за 2015 со најдолгата насликана со акрилни бои и цвет,  Цветна Патека за Мир.

Започнува петтото јубилејно издание на ИДТФ Битолино 2015

Прочитај повеќе

Почна фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“

Прочитај повеќе