Категорија: Македонија

Две нови изданија на Савевски продукција

Прочитај повеќе

ДОДЕЛЕНИ ЧЕТВРТОНОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ

Прочитај повеќе

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ОПШТИНА БИТОЛА И ГРАДОТ НИНГБО

Прочитај повеќе

За нас се работи!!!

Една е Битола, опеана во најубавите изворни македонски песни, град на културата, убавината, градот на клавирите и конзулите, Битола која некогаш и блескаше со сиот свој сјај, се соочува со катастрофални податоци.

Загрижувачки се фактите за статистиката на заболени од карцином, која е во постојан пораст, зголемениот број на пациенти од белодробни загадувања, кои не прашуваат за пол, а ниту за возраст. Во прегратките на најубавата Баба планина, наместо некогашната блескава снегулка, сега спие град обвиткан со густа магла, чад и огромна концентрација на отровни честички, кои според податоците на Министерството за животна средина, Битола ја сместуваат во град-лидер по загаденост, која некогаш достигнува и до 20 пати повеќе од дозволената граница. Сите овие поразителни податоци, нѐ поттикнуваат да се запрашаме: Каков воздух дишеме?!

Домаќинствата кои се греат на дрва, автомобилите, електраните, индустриските капацитети, кој е најголемиот виновник?! Официјалните податоци говорат дека  најголемиот произведувач на струја, но и емитувач на тешки метали во државата – „РЕК Битола“, е загадувач број еден на територијата на цела Македонија.

Овие факти, впрочем и претставуваа огромен поттик за група млади битолчани да ја покренат иницијативата “БИТОЛА САКА ЧИСТ ВОЗДУХ”, со која на социјалните мрежи добија поддршка од преку 11 илјади поддржувачи. Иако, патот е трнлив и долг, иницијаторите на групата, чекор по чекор, следејќи ги законските норми и прописи, преку институциите на системот објавија војна на загадувачите на воздухот во Битола, прераснувајќи во здружение на граѓани кое ќе слави роденден заедно со градот Битола. Имено, на ден 4ти ноември ќе се отвори канцеларијата на здружението, која ќе има за цел да воспостави линк на граѓаните и институциите, со цел: подобрување на квалитетот на живот и алармирање на надлежните за придржување кон законските мерки. Главните дејства на здружението ќе бидат насочени кон следните цели:

  • Поставување на мерна станица во централното градско подрачје;
  • Детектирање и санкционирање на аеро-загадувачите;
  • Доведување на квалитетот на воздухот, до граници на дозволеното.

Здружението на граѓани, со своите активности  ќе започне на ден 4ти ноември од 12 часот кога ќе положи цвеќе пред мерната станица која подолго време не функционира, кој симболизира споменик на екологијата со краток говор.

16:00 отворање на канцеларијата на здружението “ЗА НАС СЕ РАБОТИ”, со пригоден коктел

18:00 музички настан кој ќе претставува вовед на масовниот собир на граѓаните кои ќе ја поддржат иницијативата.

18:45 ГОЛЕМ ПРОТЕСТЕН МАРШ од платото на споменикот на СТИВ НАУМОВ кај Офицерскиот дом, со поворка која ќе се движи до  Центарот на културата, каде што ќе се одржува манифестација за одбележување на локалниот празник-4ти ноември.

Маршот ќе има за цел да го насочи вниманието на надлежните за покренување на иницијативи и законски мерки за справување со алармантната ситуација со загадениот воздух.

Ако некогаш Битола се избори за својата независност, денес историјата се повторува. Граѓаните уште еднаш ќе имаат можност да се изборат за тоа што го заслужуваат, елементарното право на чист воздух. Масовното присуство и поддршката на оваа иницијатива, подразбира прикажување на голема свест за сопственото здравје, за сопствените можности и права и превземање на чекори кои подразбираат потрага, но и пронаоѓање на решението на основниот и најголем проблем –здравствениот, кој ги засега сите, без исклучок.

Токму затоа, ја користиме приликата да се заблагодариме на иницијаторите за храброста, посветеноста и големата енергија за она од кое сите ќе имаме бенефит- ЧИСТИОТ ВОЗДУХ- ние и нашите најблиски го заслужуваме.

Момци, само напред, ја имате нашата поддршка оти ЗА НАС СЕ РАБОТИ. БИТОЛА ЗАСЛУЖУВА И МОРА ДА ИМА ЧИСТ ВОЗДУХ!

Се гледаме на 4ти ноември, пред платото на споменикот на Стив Наумов, кај Офицерски дом!

 

Посета на месните заедници во Маково и Рапеш и средба со месното население

Прочитај повеќе

„СВЕТИ НИКОЛА ТОПЛИЧКИ“ Е ВО АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА

Прочитај повеќе