Франција превентивно апси и ги јакне безбедносните мерки на божикните базари

Франција спроведува ткн превентивни апсења и следи како се поставени бетонските препреки на божикните базари, бидејќи се стравува од исламистички напади како оној од Берлин во понеделниот вечерта.

Портпаролот на француската влада изјави дека ги контактирале организаторите на божикните саеми за да ги проверат безбедносните мерки, вклучително и проверки на торбите, по нападот во Берлин, во кој загинаа 12 луѓе.

Во Франција постои голем страв од нападите на џихадистите кои последните две години убија во повеќе од 230 луѓе, поради што повеќе од една година на сила е вонредната состојба.

Владиниот портпарол Стефан Ле Фол изјави дека превентивните апсења се спроведуваат за да се избегнат „сите ризици од напад и организирање напади“, без да влегува во бројки. „Сето тоа е преземени за да се отстранат ризиците“, изјави за новинарите.

Исто така, околу местата каде што се вршат богослужби ќе бидат распоредени војници кои ќе се грижат божикните празници да мината мирно.