Свр Битола со известување по повод верскиот празник „Духовден“

Измена на  режим на сообраќај по повод верскиот празник Духовден

Се известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот, поради престојниот верски празник “Духовден “на 18.06.2016 година (сабота) кај Црквата “Света Недела “и Градските гробишта од 07,00 часот па се додека има потреба ќе има измена на режим на сообраќај со соодветно регулирање, каде истиот ќе биде еднонасочен по кружниот тек.

За таа цел ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките дадени од полициските службеници.