
За учество во програмата за дочекот на Новата 2017 година на Плоштадот Магнолија.
Општина Битола ги повикува заинтересираните уметници своите понуди за учество во програмата по повод „Дочек на Новата 2017 година на Плоштадот Магнолија во Битола“ да ги достават до: – архива на Општина Битола, лично или на поштенска адреса Булевар 1 Мај бр.61, Битола – или електронски на мејл адресата culture@bitola.gov.mk.
Понудите треба да бидат доставени најдоцна до 30.11.2016.
За дополнителни информации јавете се на 047208339.





