По прв пат, во Битола се организира настан „Подобра исхрана, подобар живот“

Здружението за Едукација и Кулинарство  Сe за храна со големо задоволство го најавува настанот „Подобра исхрана, подобар живот“, кој по прв пат ќе се одржи на 10-ти Ноември во малата сала на Центарот за култура. Почетокот на настанот е од 18.00 часот и ќе трае до 19.30 часот, а влезот е бесплатен.

Настанот има за цел да ги промовира здравите животни навики и редовната физичка активност како важен сегмент од секојдневието на човекот. За таа цел ќе се зборува за сите предности кои ги носи консумацијата на здрава храна, за Вашето здравје и здравјето на Вашите најблиски.

Брзиот начин на живот, стресот, како и неизбалансираната исхрана, знаат да предизвикаат нарушување на здравјето кај граѓаните. За таа цел, темите на настанот вклучуваат дискусии со експерти од областа на храната, физичката активност и медицината околу здравиот начин на исхрана и неговата поврзаност со здравјето. Во изложбениот дел на настанот ќе имате можност да видите и вкусите од производите на компаниите кои го поддржуваат здравиот начин на живот.

Бидете дел од овој настан, со активности и едукација заедно да го подобриме здравјето на сите.

Повеќе информации околу настанот и програмата, може да најдете на линкот