СДСМ: Македонија е неслободна земја

Македонија под власта на Никола Груевски стана неслободна земја, заклучуваат од опозициската СДС; по последниот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот од 2016 година, каде Македонија забележа дополнителен пад на листата и од групата делумно слободни влезе во групата неслободни земји.

„Како што стои во извештајот, тоа е бидејќи на виделина излегоа скандалозните информации за масовното и нелегално прислушување новинари од страна на владата, корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемените закани и напади врз медиумски работници. Македонија под власта на Груевски падна и на листата на Репортери без граници каде од 34 место во 2013 година стигнавме до 118 место од вкупно 180 земји“, посочуваат од СДСМ.

Сметаат дека граѓаните на 11 декември имаат можност да го променат ова со својот глас.