Судиите во Основниот суд Скопје 1 – Скопје бараат вонреден колегиум

Судиите од Основниот суд Скопје 1 – Скопје во неделата, со писмен допис го известиле претседателот на судот Владимир Панчевски дека бараат одржување на колегиум на кој, како што е вообичана практика, треба да присуствуаат сите судии на овој суд.

Според сознанијата на Макфакс, судиите бараат да расправаат за случувања кои се поврзуваат со работата на кривичниот суд, а не се исклучува од Панчевски да биде побарана одговорност за неговото однесување и оставка и тоа на само две недели пред истек на неговиот мандат.

Барање за одржување на вонреден колегиум доаѓа по изјавата на Панчевски дека судиите работеле како гранапчиња, но повод за состанок се и петициите кои ги потпишаа судиите и стручните соработници, а во кои укажуваат на неправилнстите во работењето на претеседателот Владимир Панчевски.

Панчевски во понеделник и во вторник е на семинар во Маврово, но се очекува веќе во среда да биде во Скопје, бидејќи и тој самиот очекува Судскиот совет да му ја преиначи дадената оценка за повисока и на тој начин да се вклучи во трката за уште еден мандат.

Инаку, Владмир Панчевски изминативе неколку недели е предмет на опсеравација на јавноста, како поради неговите изјави, така и поради обвинувањта за притосоци, но и со неговата дивоградба во центарот на Скопје.