
Реконструкција на старата градска чаршија и изградба на нов театар во Прилеп, најави во понеделник, кандидатот за пратеник во изборна единица 4, Ане Лашкоска, која заедно со Димитар Стевананџија и Гордана Тошеска, и со актуелниот градоначалник Марјан Ристески и членовите на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, го посетија манастирот Свети Архангел Михаил, во населбата Варош, кој денеска го одбележува својот патрон празник.
Ане Лашкоска кој е актуелен кандидат за пратеник во ИЗ 4, посочи дека во изминативе години културата беше еден од преоритетите на ВМРО – ДПМНЕ.
„Го изградивме новиот конак на источниот дел од комплексот, се изградија монашките конаци на манастирот „Зрзе“ до истиот манастир изградивме и пат, започна изградбата на опожарените конаци на манастирот Трескавец, проект кој чини 217. 000. 000 милиони денари, а во овој манастир се работи и на подготовка на проектот за реставрација на црквата, старата трпезарија, магерницата и магерничкиот конак, нови конаци како и реставрација на дел од фрескоживописот доби и манастирот Свети Никола во селото Манастир во Мариово’, рече Лашкоска.





