
Пред нас е предизвикот да ја вратиме правдата и Македонија конечно да биде правна држава. Ќе има правда за сите подеднакво. Завршува времето на неказнивост и неодговорност, рече во понеделник генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.
Во Планот за живот во Македонија предвидуваме вистинско владеење на правото наместо досегашната селективност. Нема повеќе да има поединци кои ќе бидат над законот само затоа што припаѓаат на одредена политичка партија или се блиски до високи државни функционери. Во Планот за живот во Македонија се обврзуваме дека ќе направиме генерален реизбор на судиите во Република Македонија“, најави Спасовски.
Според него, само со целосно независно судство, само со институции кои ќе бидат во служба на сите граѓани, може да се врати правдата во Македонија.





