СДСМ: Со Груевски нема напред, Македонија е со најзагаден воздух во Европа!

Македонија под власта на Никола Груевски стана земја со најзагадениот воздух во Европа, а за ова алармираат Европската комисија и Светска банка во секој извештај, велат од СДСМ.

„Македонија е на првото место на листата на Светска банка, според изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички, а загадувњето со години е над европските стандарди. Како што покажаа истражувањата на Светска банка, цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и за илјадници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2 отсто од БДП“, порачуваат од СДСМ.

„Светска банка укажа дека со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно, но власта на Груевски не сакаше да слушне за ова. Единственото нешто што направи власта е што препорача луѓето да не излегуваат надвор, да не ги отвораат прозорците и поретко да дишат“, велат од партијата.