Сончево и топло, во котлините магливо и постудено

Во поголем дел од земјата сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, магливо и постудено.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 16 степени.

До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините. За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат.