
Токсичен шок е најверојатно причината за смртта на трудницата што во понеделникот почина во болницата во Штип.
Како што во вторник на прес конференција соопшти лекарскиот тим на болницата, трудницата која била во деветтиот месец на бременоста, во неделата добила висока температура, по што се јавила во Итната помош, при што и било кажано да примени соодветна терапија. Бидејќи ситуацијата не и се подобрила, та во понеделникот се јавила кај матичниот гинеколог, кој ја упатиле на гинеколошкото одделение.
И покрај обидите на лекарите, пациентката западнала во шок, а лекарите донеле одлука да се обидат да ја породат со царски рез. Но бебето било извадено починато.
Обдукцијата треба да ги покаже точните причини за смртта на трудницата.





