Ноќеска уште еден грчки земјотрес во почувствуван во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 3,0 синоќа околу 2,25 часот ја потресе северна Грција, а е почуствуван и на териоријата на Македонија.

Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во  јужните делови на Р. Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрира дека епицентар на овој нов потресл последните денови исто така се наоѓа во соседна Грција, во солунската област.