Попоски: За тоа кој ќе заврши во затвор надлежен е судот

За прашања од типот кој ќе заврши во затвор единствено легитимно и надлежно е судството во Македонија и мислам дека за тоа прашање најдобро е судството да биде тоа во рамки на правна процедура да одлучи кој каде треба да заврши, вели Никола Попоски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“  .

На прашањето како да да му веруваме на судството, тој вели дека имаше премногу политички изјави, премногу притисоци, јас верувам дека секој од нас носи лична одговорност во однос на тоа како функционира судството, не верувам дека со мултиплицирање на изјавите за тоа кој суд како треба да суди ќе го подобриме судството.

За приоритетот во партиската програма „Реално“ бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, во услови кога највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено за криминал, Попоски вели дека како влада имаат одговорност да носат закони и да се трудат за имплементација на законите.

„Доколку тргнете од истиот постулат, вие имате алтернатива меѓу политичка опција, главната опозициска партија, која истото тоа го кажува во услови во кои ужива аболиции и се однесува и не соработува со судството“, додава Попоски. „Јас не верувам дека се решава тоа со еден случај, но мислам дека треба да ги почитуваме основните постулати, доколку зборуваме за судството, тоа е презумпција на невиност и да оставиме судските инстанци да одлучат дали е некој виновен или не за тоа“.