Спасовски: Македонија предолго беше заложник на малку луѓе

Македонија предолго беше заложник на мала група неодговорни луѓе,  власта десет години ги кршеше и човековите и работничките права, кон работниците се однесуваше робовладетелски, а странските инвеститори им ги нудеше како заменлива и евтина работна сила.

Ова го порача Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 2 во Куманово и додаде дека додека платите во регионот растеа, платите во Македонија тонеа.

„Нема да дозволиме да не се почитува и цени трудот на работниците. Нема да дозволиме да се погазуваат правата на граѓаните во Македонија. Затоа во Планот за живот Македонија се обврзуваме – Во првите четири месеци од мандатот ја зголемуваме минималната плата на 12.000 денари. И таа ќе биде толку и во текстилната и кожарската индустрија“, рече Спасовски.

Вети дека до крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 16.000 денари, а просечната плата ќе биде 30.000 денари.

„Со овие мерки планираме да го покачиме животниот стандард но и да го спречиме масовното иселување кое се случува во цела Македонија а особено тука во Куманово и Кумановско“, рече Спасовски.