Пендаровски за просечната плата

Според Заводот за статистика, просечната плата во Македонија е околу 21.000 денари, но според носителот на кандидатската листа на СДСМ, Стево Пендаровски, тоа е далеку од вистината.

„Ако му верувате на официјалниот Завод за статистика, просечната плата во Македонија е околу 21.000 денари. Меѓутоа сите ние што живееме во Република Македонија и што едвај врзуваме крај со крај знаеме дека тоа е далеку од вистината. Најмалку 30 до 40 проценти од сите луѓе  за кои се тврди  дека земаат просечна плата од над 21.000 денари,  не земаат ништо или не земаат плата во тој износ со месеци. И да е таа бројка точна, и да претпоставиме дека таа бројка е факт што не е, и со таа  просечна плата Македонија  е на дното на регионот на Западен  Балкан, ако се споредува со било чија просечна плата од БИХ, преку Црна Гора, Србија, Албанија па се до Косово“, рече Пендаровски во понеделник.

Појасни дека тие се заложуваат, просечната плата во првите четири години од мандатот на новата Влада предводена од СДСМ да биде 30.000 илјади денари.

„Тоа ќе биде реална плата во целиот износ, а не фиктивна како што сега стои во соопштенијата на државниот Завод за статистика, напишани  во Штабот на владеачката партија“, вели Пендаровски.