
Како што рече Андонов, противзаконски елементи и недоследности постојат и во наредбите што ги издава Спасовски, а и самото издавање на наредбата за преместување од едно на друго работно место е кршење на Законот и кривично дело.
„Го повикувам Спасовски да престане и со создавањето раздор во полицијата, со деструкцијата, да престане да ја попречува работата на МВР и да ги остави луѓето на терен да работат така како што треба, согласно законите“, изјави Андонов.
Тој најави дека ќе застане зад полициските службеници, дека ќе го заштити МВР и сите негови припадници од злоупотреби и притисоци.
„И денешниот состанок со раководството на СВР Куманово имаше за цел да влијаам и да укажам на вршењето мобинг врз полициските службеници. Согласно Законот за избори и укажувањето на Државната комисија за антикорупција, се забрануваат какви било преместувања, и со решенија и со времени решенија или со наредби, во периодот откако се распишуваат изборите до формирање на новата влада“, рече Андонов.
Вршењето мобинг од 18 октомври годинава досега, не е само на териротијата на СВР Куманово, туку е забележано, рече Андонов, на целата територија на Македонија, во сите полициски станици, во секторите за управата за безбедност и контраразузнавање, во сите сектори за внатрешни работи.





