Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Познати се добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2016   година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, фолклорист.

Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Гордана Јосифова–Неделковска, музички уметник, проф. м-р Жарко Башески, скулптор, Весна Стојчевска, поетеса и Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицистка.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2016 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.