
Со заклучениот избирачки список, Државната изборната комисија го потврди она што СДСМ долго го тврдеше – дека во Македонија има околу 1.500.000 гласачи, соопштија од оваа партија.
Во посебниот избирачки список се запишани 230.122 гласачи и со тоа елиминирани се сите можности за злоупотреба на овие гласови.
Конечниот избирачки список ќе овозможи гласањето во целост да ја одрази волјата на граѓаните.





