Шилегов: Поддршка од 140 милиони евра за малите и средни претпријатија

Во Македонија економијата ќе порасне со помош на малите и средни претпријатија, со поддршка во висина од 140 милиони евра, во текот на целиот мандат, најави во вторник во Тетово Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6.

„Просечната плата до 2020-та година ќе достигне 30.000 денари, да може секој да ги почувствува промените коишто настануваат во економијата“, рече Шилегов.