
Власта не ги решава основните и секојдневните проблеми на граѓаните, туку огромните буџети ги троши на мегаломански проекти и споменици. Микроекономијата и решавањето на основните проблеми на граѓаните ќе бидат нашиот главен приоритет, изјави во вторникот Ден Дончев, носителот на кандидатската листа на ВМРО за Македонија во Изборната единица 1 на предизборниот собир во скопската населба Драчево.
Дончев и другите членови на опозициската коалицијата ВМРО за Македонија во вторникот, исто така, имаа повеќе средби со граѓаните на кои разговараше за проблемите со кои се соочуваат секојдневно, Катастарот, стечајците од ОХИС.
„Десет години жителите на Драчево, најмалку 3.000 семејства, имаат проблеми со катастарот, неможејќи да ги легализираат своите имоти за кои поседуваат имотни листови“, потсети притоа Дончев.





