Спасовски: Македонија мора да стане праведно општество

Македонија мора да стане праведно општество во кое секој граѓанин ќе биде ценет, почитуван и еднаков пред законите, изјави во вторник Оливер Спасовски, носител за кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2.

„Сите граѓани, без исклучок треба да ги уживаат благодетите од државата. Сите граѓани, без исклучок, треба да одговараат пред правдата. Сите граѓани треба да имаат пристоен живот“, рече Спасовски.

Тој ги повтори заложбите од Планот за живот, со кои се обврзуваат дека ќе ја вратат правдата во Македонија, животниот стандард и дека Македонија ќе биде праведно општество.

„Минималната плата ќе ја покачиме на 12.000 денари во првите четири месеци и ќе биде еднаква во сите индустрии. Се обврзуваме просечната плата до крајот на мандатот да изнесува 30.000 денари, за да го подигнеме стандардот и да ги намалиме социјалните разлики. Тоа е исправниот пат кон еднакво и праведно општество“, истакна Спасовски.